КАРАТЕ КЛУБ „КРАЛИ МАРКО“
На основачкото собрание одржано на 22 октомври 1978 година по одлука на иницијативниот одбор е формиран Карате клуб „Крали Марко“.
ЗАПИСНИК:
Од одржаното оснивачко собрание за формирање карате клуб во Прилеп, одржано на ден 22.10.1978 година.
На Собранието беа присатни поголем број граѓани меѓу кои како гости беа и Секретарот на карате сојузот на Македонија Тихомир Ѓорѓиоски и преседателот на регистрационата комисија при карате Сојузот на Македонија Митре Димовски.
Собранието го отвори претседателот на иницијативниот одбор Влатко Богески кој што откога констатира дека има доволен број присатни го предложи следниот
ДНЕВЕH РЕД
1. Избор на работно претседателство, записничар и оверувачи на записникот.
2. Разгледување и усвојување на статутот на клубот
3. Избор на претседателство на клубот
Дневниот ред беше ставен на гласање и сите присатни со кревање на рака се изјаснија дека го прифаќаат.
По првата точка за работно претседателство беа предложени и избрани: Златко Богески, Китаноски Благоја и Драманоски Златко, за записничар беше избрана Богеска Катерина, а за оверувачи на записникот Атанасоски Јован и Јорданоски Миле.
Претседавачот на Собранието Богески Златко ја изложи замислата на иницијативниот одбор за формирање на карате клуб истакнувајќи ја притоа важноста од формирање на ваков клуб на територијата на Општина Прилеп кој што ќе работи организирано и врз основа на самоуправните социјалистички принципи развивајќи го духот на младината и граѓаните на хуманост, другарство и рамноправност меѓу народите. При ова предложи карате клубот да го носи името “Крали Марко”.
Преди да се премине на втората точка Собранието со кревање на рака едногласно се согласи карате клубот да го носи името “Крали Марко”.
По втората точка од дневниот ред беше разгледан предлог нацрт статутот кој што беше продискутиран од страна на присатните со одредени забелешки и корекции, а потоа со кревање на рака беше усвоен.
По третата точка за кандидациона комисија беа избрани: Богески Благоја, Иваноски Менде и Тренкоски Ристе кој што на Собраниетс предложија претседателство на клубот и комисии предвидени во статутот.
Во претседателството на клубот беа предложени:
1. Консулоски Благоја за претседател
2. Јакимоски Стеван за потпретседател
3. Тоцев Бранимир за секретар
4. Тренкоски Ристе за благајник
5. Петрески Симон член
6. Наумоски Др. Томислав за член
7. Атанасоски Јован за член
8. Ристиќ Божин за член
9. Китаноски Благоja за член
20. Мерипушкоски Симон за член
11. Богески Златко за член
Комисија за Самоуправна општествена контрола:
1. Мирчески Методија за претседател
2. Шипинкоски Владо за член
3. Христов Спиро член
Дисциплинска комисија:
1. Атанасоски Јован за претседател
2. Петрески Симон за член
3. Ристиќ Божин за член
Комисија за организирање на натпревари:
1. Мерипушкоски Симон претседател
2. Иваноски Менде член
3. Дрзнамоски Кире член
Комисија за информации:
1. Јорданоски Миле претседател
2. Драгица Наумоска член
3. Драманоски Кире член
Делегати на карате Сојузот на Македонија:
1. Консулоски Благоја
2. Јорданоски Миле
3. Богески Златко
Предлозите на кандидационата комисија беа ставени поединечно на гласање и со јавно гласање со кревање на рака предложените кандидати за претседателство и комисиите едногласно беа усвоени.
Откако новоизбраниот претседател Консулоски Благоја се заблагодари за изборот Собранието ја заврши својата работа.

Коментирај