Локалитетот „Калдрма – Заград“ е некропола од железната епоха. Оваа некропола е откриена од варошанецот Трајан Петрески во 1968 година, орајќи во својата нива. Иако овој локалитет бил познат и порано, сепак, во 1969 година е извршено ископување на површина од 203 м2, кога се откриени 27 гробови.
При темелното проучување на некрополата откриени се фибули, прстени, копја, ножеви, обетки, двојни игли, игли, мечови, метални предмети, петлици, златни предмети, килибар, теракоти, керамички садови… Надвор од гробовите се пронајдени и две поголеми и три помали цели монисти од стаклена паста. Во еден од гробовите е пронајдена и бронзена монета од времето на Александар Македонски.
Коментирај