Јордан Јанчулев...

Јордан Јанчулев

Јордан Јанчулев е роден во Варош но подоцна неговите родители се преселуваат во Прилеп. Јанчулев завршува ІІІ клас на машката гимназия во Солун и станува класен учител во Прилеп во периодот од учебната 1887/88 и учебната 1892/93 година. Токму во оваа учебна година, по повод празнувањето на празникот „Свети Кирил и Методиј“, пред присутната публика одржал вдахновен говор за значењето на празникот на словенските просветители.
Извесен период бил и диригент на прилепскиот училишен хор.
Брат му Димитар Јанчулев исто така е учител.
Тој е татко на бугарскиот економист Борис Јанчулев, на политичарот Методи Јанчулев и на поранешниот градоначалник на Софија Александар Јанчулев.

Нема Коментари

Коментирај