Јордан Чкатров...

Јордан Чкатров

Јордан Чкатров е роден во 1898 година во Прилеп.

Брат е на Димитар Чкатров, деецот на Македонска младинска тајна револуционерна организација (ММТРО) и на ВМРO. Јордан Чкатров завршил Правен факултет во Швaјцарија. За време на неговиот престој во Бугарија, станал член на Македонското студентско друштво „Вардар“, а покрај Ѓорѓи Баждаров одржувал контакти и со ВМРО.

Во 1923 година Тодор Александров го испратил Јордан во САД, каде што учествувал во организирањето на новосоздадената Македонска патриотска организација (МПО), каде што до 1927 година бил на должноста секретар на ЦК на МПО. По убиството на Тодор Александров и почетокот на братоубиствените борби во ВМРО, Јордан Чкатров го приклонувал МПО кон десните сили на револуционерното движение. Тој бил еден од иницијаторите на создавањето на весникот „Македонска трибуна“ и бил негов главен уредник.

По враќањето во Бугарија се приклонил кон михајловистичкото крило на ВМРО, поради што за време на превратот на 19 мај 1934 година, заедно со други дејци од расцепканата ВМРО, бил уапсен од новата власт на политичкиот круг „Звоно“.

Чкатров во 1941 година бил еден од раководителите на акционите комитети во Македонија. Како поддржувач на идејата за самостојна македонска држава, тој не учествувал во бугарската фашистичка административна власт. Во периодот на 1943 година работел како адвокат во Скопје.

Во 1944 година Јордан Чкатров и Трајче Чундев биле поканети од Методија Андонов–Ченто да учествуваат во формирањето на новата држава. По ослободувањето, Јордан Чкатров бил уапсен како соработник на фашистичкиот окупатор. Ченто лично го замолил Тито за ослободување на Јордан, но без успех.

На 12 јануари 1945 година од Народниот суд Јордан Чкатров бил осуден по обвиненија за „организирање и учество во терористичката организација ВМРО (Михајловистичка)“, според сведоштвата на Александар Мартулков и Пецо Трајков и „за организирање на јавни собранија, во кои ја заштитувал фашистичката власт и зборувал против НОБ“.

Јордан Чкатров од Народниот суд бил осуден на 15 години затвор тешка принудна работа и лишување на основните политички и граѓански права.

По стрелањето на неговиот брат Димитар, Јордан во знак на протест се одлучил на штрајк со глад, при што умира на 27-от ден од гладувањето.

Димитар и Јордан Чкатрови им се вујковци на Кузман Јосифоски-Питу и Мара Јосифоска.

1 коментар

  • Бугарски официр October 13, 2015

    ВЕЛИКИ СИНОВЕ на МАJKA БУГАРИJA – Вечна Им Памет , Чест и Слава !

    Respond

Коментирај