Јонче Спирков Јаничоски

Јонче Јаничоски – Јанич

Јонче Спирков Јаничоски (1914-1949) пред војната работел како бербер.

Бил непосреден учесник во октомвриското востание, во состав на групата за напад на прилепскиот затвор. Бил учесник во формирањето на прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“. Како партизан, учествувал во акцијата во селото Царевиќ.

Во 1942 година бил уапсен од бугарската полиција и осуден на доживотен затвор. По капитулацијата на Бугарија се приклучил на Прилепската бригада и бил меѓу првите кои влегле во ослободен Прилеп.

По војната бил определен за командант на градот, а потоа бил преместен во Битола, како командант на Округот. Починал во февруари 1949 година во Битола, како директор на претпријатието за сообраќај ФАП.

Нема Коментари

Коментирај