ПОБЕДЕН И „ПА-БАП“
Интервју со Пеце Ветаџокоски – Капитен на ФК во мал фудбал „Варошко маало“
Непозната година
„Скок“
Во разговорот со Ветаџокоски ја вративме фудбалската лента неколку години наназад.
- Најдраг спомен носам од турнирот на „Вечер“ (1982), кога застанавме на победничкиот пиедестал. Тогаш уривавме се пред себе, а во финалето се сретнавме со реномираниот тим на „Па – Бап“, предводен од Панчев, Аврамоски, ракометарот Станкоски и други.
Тој дуел претставуваше вистински шлаг, каков може само да се посака.
Домаќините го положија оружјето пред нас (резултат 5:3). Во оваа прилика би го спомнал и составот на „Варошко маало“: Секулоски, Гулески, Ристески, Димитроски, Ангелески, Мендизоски, Ветаџокоски, Јованоски и Десоски.
Секогаш ќе го паметам турнирот во загреб кога игравме против една светска величина Д. Савичевиќ, секогаш опасните и непредвидливи М. Зјајо, Бобан, Дуспара, Лончар, Брзаковиќ и други.
Особено ми беше драго што каде и да се појавевме ја освојувавме публиката и не случајно го добивме епитетот „Бразилците од Прилеп“.
Каде те одведе фудбалскиот пат?
- Пливајќи во немирните фудбалски води се „удавив“ во малиот фудбал. Станав член на екипата Варошко маало, чија традиција датира уште од 1971 година, кога екипата го носеше името „Бутичели“, а подоцна се викаше Викторија.
Таа генерација ја сочинуваа Јованоски, Печијарески, Бозароски, Ѓорѓиоски, Митриќески, Тасески, Мадароски и Карески.
Од 1978 година, па наваму, познати сме под името Варошко маало, а под ова име досега настапувале следниве играчи: Секулоски, Стојкоски, Печијарески, Јованоски, покојниот Атанасоски и др. Овој тим го освои второто место на првиот зимски турнир што го организираше весникот „Вечер“ и ТА „Паластурист“.
Инаку, своевидна драма претставуваше финалниот дуел меѓу нас и тогашната екипа на ЈНА предводена од Пешиќ (Хајдук), Милосавлевиќ (Ц.Звезда), Јакиревиќ (Вележ), Хоџа (Обилиќ) и многу други познати имиња.
Претрпевме пораз од 3:2, но 7 дена подоцна им вративме со иста мерка, во Прилеп, на пријателски натпревар.
Дали во Македонија постои официјално натпреварување во мап фудбал и како е организирано тоа?
- Кај нас постои неофицијална лига, која ја сочинуваат 8 клубови.
Системот на натпревари е турнирски, а планираме, во октомври, да организираме плејоф за првите четири пласирани екипи, како би се добил неофицијалниот првак на Македонија.
Ја користам можноста да апелирам до луѓето на ФСМ, што е можно побрзо да го решат прашањето за формирање на лига во мал фудбал во Македонија.
Финансиите секаде се проблем. Како е во малиот фудбал?
- Овој проблем не го заобиколува ниту малиот фудбал. Досега трошоците на екипата ги покриваше агенцијата „Палма Турс“ од Гевгелија. Верувам дека и во иднина повторно ќе бидеме на иста „бранова должина“.
Кои се плановите на екипата на Варошко маало?
- Екипата на Варошко маало моментно е составена од 22 играчи, кои се поделени во две групи: сениори и ветерани. Есенва ќе настапиме на турнирите во Богданци, Струмица и Прилеп, а во декември годинава, за првпат ќе излеземе на меѓународна сцена, односно ќе се појавиме на меѓународниот турнир во Базел (Швајцарија), заврши 36 годишниот Ветеџакоски.
ФОТОГРАФИИ:
Екипата на ФК во мал фудбал „Варошко маало“.
Стојат: Васко Димитриоски, Божо Милошески, Сашо Апостолски, Петре Секулоски, Слободанчо Ристески.
Клечат: Пеце Талески, Диме Мендизоски, Петар Ветаџокоски, Стевче Талески, Благојче Ѓорѓиоски.
Коментирај