„ПРОФЕСИОНАЛЕН САМОУБИЕЦ“
Средба со првата жена – дегустатор на цигари во Македонија
28 септември 1987 година
„Нова Македонија“
Оваа млада жена веќе осум години го проверува квалитетот на цигарите во Тутунскиот комбинат во Прилеп. Ова ретко занимање за понежниот пол и наметнува повисока професионалност и сигурност во давањето оценки, за да не ја „сопнат3, како што вели машките колеги.
Ако се точни лекарските конзилиуми дека цигарата е „убиец“ на човекот, тогаш Богданка Христоска, дипломиран хемичар во ООЗТ Фабрикација, при Тутунокнот комбинат во Прилеп, е професионален самоубиец. Оваа млада убава жена, во најголемата југословенска фабрика на цигари има работно место дегустатор со специјално задолжение за технолошки испитувања.
На секои седум дена, точно по 8,30 часот во вторник, почнува дегустационата „сеанса“. Во специјална просторија претходно добро проветрена, тивко, но затоа пак надмоќно, влегува постојаната екипа дегустатори, меѓу кои и единствената жена, Богданика Христоска. На масите е веќе сервисирано јогурт, кафе, чај… Никој ништо не зборува.
Овде најнапред се пушат цигарите, потоа се разговара. Дискреционото право на секој да го каже своето меслење за цигарата што ја испушал, му е докрај загарантирано но под еден услов: се што то ќе зборува, мора да го аргументира. Во спротивно и на доброто и најлошото мислење не важат.
Дегустацијата е филозофија
Богданка Христоска е прва жена дегустатор на цигари во Прилеп и во Македонија.
Малку збогува а доста пуши. Колку?
Две кутии дневно.
Што пушиш?
Порано „ХА-БЕ“, сега „Лорд“
Значи ли тоа дека другите цигари не ти се допаѓаат?
- Во никој случај. Цигарата е задоволство, а дегустацијата, филозофија.
Може ли човекот без цигара? – Јас не можам…
Дваесет години ненаситно пушам. Инаку дегустацијата бара голема концентрација. Чадот што го влечеш треба да го почувствуваш. Ако сум нерасположена, нервозна, или депримирана, јас ја откажувам дегустацијата.
Христоска ни појаснува некои дегустациони тајни. Сеансата трае најдолго час и половина. Може да биде отворена и анонимна. Отворена е кога се знае што се пуши. Колешката на Христоска, Олга Проданоска ни рече дека „Богде ја познава цигарата подобро од мажите“!
- Јас работам на хемиска анализа на цигарите и користам техничко научни методи. Богде, преку дегустацијата преку искучиво субјективен метод, го открива она што сум го осознала во лабораторијата со анализите. Затоа толку многу ја ценат.
Бескомпромисна во категоризацијата
Во своето речиси осумгодишно искуство како дегустатор, Богданка Христоска има многу интересни стории поврзани со тутунот и цигарите.
- Од секогаш, цигарата важела за машки привилегија. Кога станав дегустатор, многумина сомнително вртеа со главите. А, јас coвршено добро знаев: мажите можат „сто пати“ да згрешат и да им се прости додека мене и на „мал камен“ ќе ме спрепнат. Затоа од првиот ден се заколнав дека добрата цигара ќе ја браним са аргументи, в лошата едноставно нема да ја пушам.
Инаку моите колеги знаат дека јас тешко отстапувам од своето мислење. Досега не сум ги изневерила ниту колегите, ниту добрите цигари.
Кога се на дневен ред јаки тутуни („Берлеј“, „Равњак“ или „Вирџинија“) со поголем процент на никотин, на дегустациите се пушат најмногу до шест виткани цигари, а кога се испробуваат готови производи, тогиш се пушат и до десет, зависно од тоа што се бара во дегустационата оценка.
- Додека дегустираме, нема никаква консутација. А потоа, понекогаш и жестоко се караме. Има случаи дегустатор да го повлече своето мислење. Надвор излегуваме сложни. Јас обично почнувам со аромата в аромата за мене е шармот на цигарата. Потоа, ја барам јачината колку е „серт“. На трето место, според мојот метод доаѓа вкусот и на крајот, притацијата (дразнењето). Друг дегустатор има друг метод, трет – поинаков… Најважно е да не промашиме. Оценката мора да биле исправна.
Според Христоска ние имаме најквалитетни тутуни, но, за жал, се уште не сме произвеле и најквалитетни цигари.
- Тоа не е случајно – вели таа и додава. – Добрата цигара е како добриот скапоцен камен…. Треба постојано да се барa. Бeз разлика на сите протекционизми, ние еднаш од Југославија мораме да излеземе во светот со „дијамантска“ цигара што ќе се бара и пуши. Време е тоа да го сториме што побрзо, зашто сум уверена дека и можеме.
Т. Локвенец
News June 23, 2025
1. Интересно е како дегустацијата на цигари може да биде толку детална и научна.
2. Богданка Христоска изгледа како навистина посветена и вешта во својата работа.
3. Чудно е што дегустаторите мора да ги аргументираат своите мислења, што ја прави процедурата многу сериозна.
4. Се прашувам како влијае на здравјето на дегустаторите редовното пушење за време на сесиите.
Дали дегустацијата на цигари може да се смета за уметност или е чисто технички процес? Given the growing economic instability due to the events in the Middle East, many businesses are looking for guaranteed fast and secure payment solutions. Recently, I came across LiberSave (LS) — they promise instant bank transfers with no chargebacks or card verification. It says integration takes 5 minutes and is already being tested in Israel and the UAE. Has anyone actually checked how this works in crisis conditions?