1966: Џувалекоски во филмот Винету и полукрвната Апачи (Winnetou und das Halbblut Apanatschi) во улогата на Curly-Bill...

Илија Џувалекоски

Илија Џувалекоски е роден во Прилеп на 20 Декември 1915 година.
Пред Втората светска војна студирал Музичка академија во Белград.
Во август 1944 година заминал на Вис, каде што се приклучил на „Театарот на народното ослободување“ под раководство на Вјекослав Африќ. Истата година бил испратен во Москва, каде што бил член на уредувачкиот одбор на радио-станицата „Слободна Југославија“ и работел како спикер на првите вести на Македонски јазик.
Во 1945 година се вратил во Македонија и се решил за актерска кариера. Првите успеси ги постигнал во Македонскиот народен театар во Скопје.
Во 1952 година глумел во првиот филм на македонската кинематографија „Фросина“.
Во 1964 година заминал во Загреб, каде што настапувал за Хрватскиот народен театар, „Театарот за комедии“, а од 1967 ја водел катедрата за глума на македонски јазик при Академијата за театар, филм и телевизија.
Во Скопје се вратил во 1972 година и продолжил со својата педагошка работа на Факултетот за драмски уметности, а истовремено и со својата актерска кариера.
Актерскиот придонес на Џувалекоски на филмот не е ништо помал од театарскиот. Во својата актерска кариера остварил над 60 филмски улоги.
Во 1977 година бил добитник на наградата „АВНОЈ“, а во 1983 година ја добил и наградата „11 Октомври“ за животно дело.
Починал во Скопје на 18 октомври 2004 година.
Филмски остварувања:
1949 – Мајка Катина
1952 – Фросина
1955 – Ешалонот на докторот М
1955 – Волчја ноќ
1956 – Клисура
1957 – Малиот човек
1957 – Туѓа земја
1957 – Ќе се вратам
1958 – Мис Стон
1959 – Виза на злото
1959 – Кампот на Мамула
1959 – Дубровски
1960 – Кота 905
1961 – Мирно лето
1961 – Зовриен град
1962 – Крст Ракоч
1963 – Лице во лице
1964 – Службена положба
1964 – Изгрејсонце
1965 – Cirkus Rex
1965 – Денови на искушението
1965 – Четвртта димензија
1965 – Воена ноќ во музејот Прадо
1966 – Winnetou und das Halbblut Apanatschi (Half-Breed)
1966 – Морган
1967 – Четвртиот сопатник
1967 – Каде после дождот
1967 – Протест
1967 – Летовите кои се памтат (Тв серија)
1969 – Републиката во пламен
1969 – Маљва
1969 – Шведски кибрити
1970 – Таа добра душа
1971 – Каде одат дивите свињи (Тв серија)
1972 – Слобода (Bronte: cronaca di un massacro che i libri di storia non hanno raccontato)
1973 – ТВ ребус
1975 – Мизерија
1975 – Светецот од Слатина
1975 – Патот кон иднината (Тв серија)
1976 – Војводата Спиро Црне
1977 – Сослушување на железничарот
1979 – Наши години
1980 – Оловна бригада
1981 – Црвениот коњ
1982 – Непокорениот град
1982 – Јужна патека
1982 – Илинден (Тв серија)
1983 – Црвениот коњ (Тв серија)
1984 – Белото циганче (Тв серија)
1987 – Трст виа Скопје
1987 – Чорбаџи Теодос
1988 – Четириесет и осма – Завера и предавство (Тв серија)
1993 – Бог да ги убие шпиуните

Нема Коментари

Коментирај