Илиja Николов Биолчев – Сципион е роден 1880 година во Прилеп.
Работел како трговец, книжар а подоцна и како учител во Преспанското село Смрдеш (Егејска Македонија). Во летото 1901 година станал четник во четата на војводата Марко Лазаров. Во 1903 година бил избран за заменик на Маноло Розов во составот на Костурското горско началство.
По завршувањето на Илинденското востание Илија Биолчев заминува за Кнежеството Бугарија. Во 1908 година бил делегат на Ќустендилскиот конгрес.Пишувал за Илустрација Илинден.
Умрел на 8 септември 1937 година во Софија.
Коментирај