КУД „Моминок“

Ора и игри

Ора и игри…

Според содржината и кореографијата, нашите народни игри и песни можат да бидат обредни и световни. Од обредните игри ќе ги наброиме: додолските, коледарските, русалиските и др. Во световните игри спаѓаат тие што се поврзани со животот и работата на нашиот народ, како што се: борбените, свадбарските, жетварските, хумористичните, љубовните и др. Во разни краеви тие имаат различни имиња, во зависност од местото и начинот на играњето.

Македонските народни игри имаат свои карактеристики, кои се манифестираат во разнообразието и богатството на движењата и ставовите во играњето.

Нема Коментари

Коментирај