Ице Ацески - Рапеш...

Ице Ацески – Рапеш

Ице Ацески – Рапеш е роден на 17 јануари 1927 година во село Дабница.

Потекнува од сиромашно земјоделско семејство. По завршувањето на основното образование им помагал на своите родители во секојдневните обврски со стоката и земјоделието. Во НОВ и ПОЈ стапил на 9 септември 1944 година, кога истовремено и бил примен за член на СКОЈ, а член на КП станал на 14 јуни 1948 година.

По ослободувањето бил на разни раководни функции. Во 1961 година дипломирал на Вишата управна школа во Скопје.

Напишал повеќе дела од животот во народноослободителната борба, меѓу кои се: Партизанска Дабница, Рампо Левката, Нескршливите…

Нема Коментари

Коментирај