Група „Ѕ“ своевремено била средношколска атракција. Обземени од тинејџерското лудило, Светлана, Нане, Златко, Кире и Гегата веќе биле локални ѕвезди.
Моќниот вокал на Светлана се памети по изведбите на песните на легендарната Џенис Џоплин.
Свирките редовно ги имаа во средношколските училишта, а во Офицерскиот дом – неизбежните игранки. Група „Ѕ“ често била поканувана и за настапи во Универзалната сала, како предгрупа на веќе афирмираните пејачи и бендови, кои доаѓаа во Прилеп. Во златните години на рок музиката во Прилеп, групата „Ѕ“ сериозно тргна кон угорнината на ѕвезденото небо.
Група „Ѕ“ ја сочинуваа:
Светлана Галоња – вокал
Нане Наумоски – соло гитара
Златко Црвенкоски – клавијатура
Кирил Наумоски-Кице – бас гитара
Бранко Гегоски-Гегата – тапани
Групата „НВ“ на концерт во универзална сала.
Одлево надесно стојат: Нане Наумоски – соло гитара, Светлана Галоња (прилепската Џенис Џоплин) – вокал, Кирил Наумоски-Кице – бас гитара
Клечат: Бранко Гегоски-Гегата – тапани и Златко Црвенкоски-Црвенко – клавијатура
Коментирај