Грчкото четничко движење било вооружена акција на територијата на Македонија, организирана од грчката националистичка организација „Национално друштво“ (Етники Етериа грч.Εθνική Εταιρεία) со цел засилување на грчките интереси во Македонија и Отоманското Царство.
По Мелничкото востание на Македонскиот комитет во 1895 година, грчкиот печат во Атина започнал силна пропаганда за наводна загрозеност на грчките интереси од страна на Бугарите.
Самата кампања била поддржана од голем број на политички и јавни личности. Еден од пратениците на грчкиот парламент одржал специјално предавање за Македонија во кое истакнал:
„Македонија го зазема централното место на Балканот, дека е плодородна и богата со минерали, а кога во неа би се изградила мрежа од железнички линии, таа би станала најзначајната земјоделска и трговска област… Иако во неа не е раширен грчкиот јазик, таа е елинска по чувство и Грција без неа не би можела никогаш да просперира и да го реазлизира стариот сон.“
Паралелно со случувањата на островот Крит, Етники Етерија започнала да организира и препраќа андартски чети во Македонија. Навлегувањето на четите било олеснето од фактот што Отоманското Царство очекувала надворешна провокација, но не од југ туку од Бугарија, така што сето нејзино внимание било насочено кон бугарската граница.
На 8 јули 1896 година турските власти во Солун примиле информација дека во околината на Негуш е забележана андартска група и против нив биле испратени 150 турски војници кој се поделиле во три групи.
Една од колоните на турските војници се нашла во заседа и тогаш загинале 5 турски војници и 1 офицер додека пак андартите имале 4 загинати, неколку ранети и еден заробен.
По заседата како засилување биле испратени 2 баталјона, еден од Битола и еден од Солун, а андартите биле опколени кај месноста Кара Ташо. Меѓутоа оваа опсада андартите успеале да ја пробијата при што успеале да убијат и заробаат неколку турски војници.
Андартите по опсадата кај Кара Ташо се поделиле на три групи. Еден дел од андартите на чело со Бруфе се упатриле кон Мариовските планини, а Чам помладиот и Давели со останатите андарти биле во околината на Катерина.
Меѓутоа Бруфе повторно бил опколен во Мариово, а Давели со дел од андартите се упатил кон него за да му помогне.
Во борбите Турците имале загинати околу 50 војници, додека пак андартите имале 5 загинати, 4 ранети и 1 заробен.
Турците на ранетите андарти им ги исекле главите и по две глави биле испратени во Кавадарци и Прилеп, а кон крајот на јулу се појавила информација дека уште 17 глави биле испратени во Кавадарци.
ГРЧКОТО ЧЕТНИЧКО ДВИЖЕЊЕ ВО МАРИОВО
Грчката пропаганда во Мариово е помогната од локалните поткупени војводи Стојан Цицов и Трајко Брајанов и патријашиското население од селата Врбско, Живово, Витолиште, Полчишта, Бешиште и Манастир.
Месните раководители на ВМОРО и егзархиските свештеници кои им се спротивставувале биле убиени.
Коментирај