Градскиот стадион во 40-те години од минатиот век

Градскиот стадион

Градскиот стадион според груби пресметки може да собере околу 20000 гледачи. Стадионот во Прилеп е еден од подобрите фудбалски објекти во Македонија.

Пред Првата светска војна, на местото на денешниот Градски стадион имало турски гробишта. Во текот на војната, се до повлекувањето на германските единици, оваа локација била депо за моторни и запрежни возила. По завршувањето на војната, локацијата била адаптирана за фудбалско игралиште со отстранување на надгробните споменици и зарамнување на теренот, односно, со дислоцирање на турските гробишта од српските окупаторски власти.

Во прво време игралиштето било незаградено. Потоа, со зголемувањето на потребите од приходи, најпрво го заградиле со ортоми, кои ги држеле припадниците на војската од прилепскиот гарнизон, а потоа, до 1930 година, со рогозини, кога со непосредна помош на железничката управа, игралиштето било заградено со талпи. Талпите биле набавени од Ложилницата и работилницата за поправка на вагони, кои се наоѓале меѓу Прилепската пиварница и спортската сала „Македонија“.

Огромен придонес во дефинитивното обликување на фудбалското игралиште, дале учениците, кои речиси секојдневно, под раководство на професорот по гимнастика Чарњавски, работеле врз неговото уредување.

2 коментари

  • vefkı-m vekot-t. March 15, 2017

    Vo prılog vı se dostavuva fotorafıja od futbalskıot klub na prılepskıte Turcı osnovan vo 1950 godına vo Prılep. O

    Respond
  • PSF March 15, 2017

    http://www.oldprilep.com/ostanati-ekipi/fk-jeni-dunja.html

    Сликите можете да ги испраќате на starprilep@hotmail.com или на ФБ страницата Прилеп Стари фотографии
    Ве молиме заради квалитетот истите да бидат скенирани.
    Поздрав

    Respond

Коментирај