Селската чешма во Горно Село.

Горно Село

Горно Село е расположено во јужното подножје на планината Бабуна, на околу 6 километри источно од општинскиот центар Долнени.

Во XIX век Горно Село било дел од Прилепската каза на Османлиската империја. Во „Етнография на вилаетите Адрианопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол во 1878 година и во која е дадена статистиката на машкото население од 1873 година, Горно Село е посочено како село со 10 домаќинства и 42 жители христијани. Црквата „Света Богородица“ е од 1890 година.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија: Етнографија и статистика“) од 1900 година, Горно Село е населено со 74 жители христијани.

Во почетокот на ХХ век целото население од селото било под управа на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на Егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во0 1905 година в Горно Село имало 40 егзархисти.

Нема Коментари

Коментирај