Гојко Секулоски е македонски и југословенски политичар и спортски работник.
Роден е на 12 февруари 1925 година во Прилеп. Завршил историја. Потоа станал амбасадор на Југославија во Австралија. Бил и помошник сојузен секретар за внатрешни работи в СФРЈ. Во периодот од 1973-1977 година бил претседател на Југословенскиот олимписки комитет. Бил член и на комисијата во ЦК на КПM. Бил и кандидат за пратеник во Собранието на СФРЈ.
Коментирај