Глигор Тофоски бил лекар – педијатар и политичар од Социјалистичка република Македонија.
Роден е на 9 јануари 1909 година во Прилеп. Неговиот син Јован Тофоски е првиот министер за Здравство во Република Македонија.
Како младинец, Глигор зел учество во Комунистичкото движење во Вардарска Македонија. Во 1945 година станал управник на земската болница. Два пати бил министер за Здравство во Социјалистичка република Македонија. Активно учествувал во ширењето на мрежата на здравствените институции (амбуланти и болници), како и во зголемувањето на медицинските кадри. Извесен период бил директор на Републичката служба за здравствена заштита.
Глигор Тофоски починал на 29 мај 1976 година во Скопје.
Коментирај