Глигор Стефанов Попев

Глигор Стефанов Попев

Глигор Стефанов Попев е роден во богато трговско семејство во Прилеп во 1869 година.

Завршил ІІІ клас во Солунската егзархиска машка гимназија. По завршувањето на Гимназијата, започнал да се занимава со трговска дејност во Битола, а подоцна и во Солун. Во 1894 година влегол во редовите на револуционерната организација и истата година, заедно со Пере Тошев и Ѓорѓи Пешков, го организирал Битолскиот окружен комитет, кон кој подоцна се приклучува и Ѓорче Петров.

Во 1894 година учествувал во Ресенското советување, а подоцна бил избран за член на Централниот комитет.

Од 1896 до 1901 година бил благајник на Централниот комитет на ВМРО.

Во 1897 година, Попев дошол во Солун, во периодот кога започнал судирот меѓу Централниот комитет и членовите на Бугарското тајно револуционерно братство. Помошта на Попев во тој судир била голема, бидејќи тој како роднина на Коне Самарџиев, кој е еден од основачите на Братството, навремено дознал за плановите на Братството да се ликвидираат некои од членовите на Централниот комитет.

Предвидените ликвидации не се оставриле, а самиот Попев за обидот за ликвидација на Даме Груев истакнал: „Ако го направеа тоа, ние со заби ќе ги раскиневме, а најпрво јас ќе го убиев својот зет Коне Самарџиев“.

По Балканските војни, Попев се населил во Софија, каде што и умрел на 2 февруари 1938 година.

За неговата револуционерна дејност во 1932 година, Љубомир Милетиќ пишувал во едицијата „Спомени“.

Нема Коментари

Коментирај