Ѓоре Спирков е роден во 1870 година во село Лениште. Без можности за школување, останал без образование. Во 1899 година станал член на ВМОРО и раководел со селскиот револуционерен комитет во Лениште, поради што во периодот од 1900 година, па до 1903 година, бил во затвор. По излегување од затворот станал четник во четата на Петар Ацев и учествувал во Илинденското востание.
По задушувањето на востанието бил назначен за реонски војвода.
Во 1905 година заедно со Трајко Кралот, Петар Ацев и Крсто Гермов – Шакир имаат средба со србоманскиот војвода Глигор Соколов(иќ), кој со фалсификувани документи ги убедува да го пуштат Македонија.
На 14 јули 1907 година, заедно со втората прилепска чета на Мирчо Најденов, учествувал во битката на Ножот.
На 15 август 1907 година, обединетата чета на Тане Николов, Ѓоре Спирков и Мирчо Најденов била опколена од аскерот кај селото Топлица и при повлекувањето на четите, војводата Ѓоре Спирков бил тешко ранет и несакајѓи жив да падне во рацете на турскиот аскер се самоубива.
Коментирај