Георги Трајчев , познат и како Вестителов, Г. Мајков е роден 1869 година во Прилеп, во семејство доселено од Богданци.
Основното образование го завршил во родниот град, а гимназиското го продолжил во Солунската машка гимназија, каде што по завршувањето се вработува како учител во Дебарскиот инспекторат. Есента 1896 година се приклучил во редовите на ВМОРО, а во 1908 година станал претседател на околискиот револуционерен комитет на град Прилеп. По втората балканска војна, од српските власти Трајчев бил екстерниран во Бугарија, каде што продолжил со учителската дејност. Во август и септември 1916 година, како фотограф во рамките на научната експедиција во Македонија и Поморавието, го придружувал професор Љубомир Милетиќ.
Напишал повеќе книги со македонска тематика. Починал во Софија во 1945 година
Учебна 1888/89 година
Учители и ученици од Солунската гимназија:
Среден ред: Никола Зарзев, Константин Робев, Никола Апостолов, Панче
Васков, Димитар Томов, Јаким Игнатиев, Иван Мишев и Манаси Димитров.
Горен ред: Јанаки Гелев, Георги Трајчев, Антон Димитров, Георги Николов и Лазар Димитров.
Учебна 1892/93 година
Учителскиот персонал од Прилепската гимназија:
Седат: Антон Попстоилов, Јордан Јанчулев, Спиридон Мирчев, Козма Георгиев, доктор Јордан Бомболов (директор), Пере Тошев, Даме Груев, Георги Трајчев и Никола Смичков.
Втори ред: Јордан Попконстантинов, Неделко Дамјанов, Илија Хаџитошев, Илија Иванов, Никола Радославов, Константин Трифонов, Стојче Димов и Ангел Воденичаров
Коментирај