Ѓорѓи Корубинов е роден во 1873 година во Прилеп во добро ситуирано семејство.
По завршувањето на вториот клас почнува да работи како кројач во родниот град. Во ВМОРО пристапува во 1895 година, за време на неговиот престој во Ќустендил.
По наредба на комитетот извршил повеќе терористички задачи. Во 1901 година, во Прилепската чаршија го убил познатиот турски зулумќар Уска Топузот, по што избегал во Бугарија.
Во Македонија се враќа следната година каде што на 1 мај 1902 година се приклучува во четата на Крсто Асенов а подоцна влегува и во четата и на Борис Сарафов.
Ѓорѓи Корубинов загинал во 1903 година во близина на Владимирово, Малешевско, во обид да му помогне на свој соборец.
Коментирај