Кременов кристал кој е црн поради присуството на игличестиот арфведсонит (Arfvedsonit)

Геолошкиот локалитет Каракамен

Геолошкиот локалитет Каракамен (Црн Камен) се наоѓа помеѓу селата Шелеверци и Алинци на површина од 4 квадратни километри.

Во пегматитско-хидротермалните жици кај Шелеверци и Алинци, покрај Македонитот кој се наоѓа само тука, се појавуваат и амазонитот, кварцот, титанитот, рутилот, анатасот и монацитот и арафедсонитот познат како влакнест амфибол. Самата појава и минерализација е посебна, бидејќи на едно место се среќаваат различни минерали по генеза и по состав.

Каракамен како наоѓалиште претставувало раритет од светски рамки како од стопанска, минеролошка, така и од археолошка гледна точка, но почнувајќи од шеесеттите години наваму, некои несовесни луѓе се сетиле минералите да ги користат како кршен камен за подигање на насипите на реката Црна и изградба на патишта, така што денес нема ни трага од монументалните карпи. За жал, истиот тренд на експлоатација и уништување продолжува и денес.

На 14 септември 2023 година, со симболично минирање на локалитетот Каракамен, премиерот Димитар Ковачевски во присуство на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, вршителот на должност амбасадор на САД во Република Македонија, Ерик Мејер, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, и оперативниот директор на „Бехтел“, Џош Бејкер ја прогласи за започната изградбата на автопатот Прилеп – Битола, кој е дел од Коридорот 10Д. Со тоа конзорциумот „Бехтел и Енка“ кој за потребите за изградба на автопатот Прилеп – Битола  започнува со минирање и експлоатација на дробен камен од локалитет Каракамен.

Истата година на 27 ноември,  овозможено со измените во законот за минерални суровини донесен од страна на парламентот, им се одобрува на „Бехтел и Енка“, да можат слободно да си ги експлоатираат минералните суровини кој ќе им се најдат на патот.

Во 2023 година совесни граѓани се организираат и формираат „Комитет за заштита на природното и културното наследство“, преку кој за спас на локалитетот испраќаат до сите надлежни институции, одговорни за заштита на природното и културното наследство, како Министерството за култура, Упрвата за заштита на културното наследство при Министерството за култура, до Министерството за Економија, кое ги издава концесиите за експлоатација на минерали, Геолошки Завод Скопје – Комисија за ревизија, Министерство за животна средина, МВР, Општина Прилеп, Завод и Мизеј – Прилеп, како и до голем број други институции, кои имаат каков било интерес или обврска за заштита на ваквото наследство.

Од страна на „Комитетот за заштита на природното и културното наследство“ рганизирани се повеќе собири на граѓани и организации за подигнување на свеста. Поканети се медиуми од кои се направени неколку тв репортажи од Ал Џезаира, ТВ Сител и 360 степени.

Во 2024 година од страна на  гимназијалци oд прилепската Гимназија „Мирче Ацев”, изработен е документарниот филм посветен на Каракамен, со наслов „Најскапиот пат – првата жртва на автопатот“ кој на Mеѓународниот фестивал за средношколски аматерски филм во Белград, во конкуренција на 70 филмови од повеќе балкански држави, филмот, се пласира меѓу петте најдобри на фестивалот.

Нема Коментари

Коментирај