„Генеза“ ја сочинуваа Прилепчаните: Илија Талески – клавијатури и вокал; Зоран Увцески – соло гитара; Душко Велкоски – вокал; Марјан Спиркоски – бас гитара; Владо Талески – тапани. Во почетокот свиреа блуз-џез-рок, ју-рок, класичен и психоделичен рок, итало-француски балади. За потребите на РТСкопје, „Генеза“ сними авторски блуз-инструментал и препев на тема од Сантана.
„Генеза“ вежбаа во просториите на Универзалната сала. Нивна идеја беше поставувањето на „Фестивал за млади таленти“, но управата на Тут-Ком не одобри средства за озвучување. Подоцна, во „Генеза“ членуваа и Пецо Смугрески – соло гитара и Трајче Рувчески-Волкот – тапани.
Освен во Прилеп, „Генеза“ беа чести гости низ градовите во Македонија. И денес се прераскажуваат свирките од Охрид, каде им се придружувал и хармоникашот Ласкало. Впрочем, тоа беше предвестие на балканскиот турбо-фолк…
Коментирај