Селото Галичани, сликано од истоимената железничка станица.

Галичани

Галичани се наоѓа во јужниот дел на Прилепско поле. Селото е рамничарско, на надморска височина од 617 метри. Од градот е оддалечено 11 км. Атарот зафаќа простор од 7,4 км2. Селото има полјоделска функција.

За него постои помен уште од средниот век. Се споменува во 1335 година. При крајот на турското владеење во селото постоеле повеќе чифлици: Османов, Чаталоски, Амет-Ножарски, Ќамиловски, Фаиковски, Раифов, Амди-бегов, Шевет-бегов, Рамзи-бегов, Џемаилов. По 1912 година, жителите ја откупиле земјата од муслиманските сопственици.

Во XIX век Галичани било село во Прилепската каза на Османлиската империја. Во „Етнографија на вилаетите Адрианопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол во 1878 година и во која е дадена статистика на машкото население од 1873 година, Галичанине (Galitchanine) е посочено како село со 23 домаќинства и 108 жители.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија: Етнографија и статистика“) од 1900 година, Галичани има 300 жители, сите христијани.

Во почетокот на ХХ век, населениете на селото било под управа на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на Егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Галичани имало 200 егзархисти.

При избувнувањето на Балканската војна во 1912 година, тројца од Галичани биле доброволци во Македонско-одринското ополчение.

Споре пописот од 1961 година, во Галичани имало 341 жители, во 1994 бројот се намалил на 253, додека според пописот од 2002 година, селото Галичани има 251 жител, сите Македонци.

Нема Коментари

Коментирај