ФК Напредок, Крушеани е формиран во 1954 година. Најзаслужни за формирање на клубот биле Алексо Начоски, Сребренко Патлиџаноски, Велко Дивјакоски, Спасе Ѓоргоски, Соколе Граороски и др. Првата топка во селото ја донесол Крсте Јовески.
Клубот долги години со успех се натпреварувал во општинските лиги. Од сезоната 2015/16 се натпреварува и во Третата лига – југ.
Првиот натпревар клубот го одиграл во Обршани, против ФК „Партизан“.
Коментирај