1981: Заедничка фотографија од екипите на ФК „Металец“ и ФК „Партизан“ од Белград.

ФК „Металец“

ФК „Металец“ е формиран во 1975/76 година. Првиот управен одбор го сочинувале Живко Андоноски, Владо Варошлиоски, Нико Порчу, Пеце Ѓеорѓиески и Миле Наумоски.

Клубот најпрво се натпреварувал во Општинската лига. По освојувањето на првото место, играле квалификации во Кавадарци за влез во Јужниот фудбалски регион, каде што успеале да се квалификуваат. По откажувањето на ФК „11 октомври“ од натпреварувањето во Втората лига, клубот се фузирал со ФК „Металец“ и продолжиле да се натпреваруваат во Втората македонска лига.

Нема Коментари

Коментирај