ФК „Братство 07“, Житоше е формиран во 2007 година, како младинска школа предводена од Ромер Муриќ и своите први официјални натпревари ги одиграле во пионерската лига на пелагонискиот регион. Во општинската лига се приклучиле во 2010/11 година, најпрво во Б лигата,а следната година и во А лигата, каде стигнале до шампионскиот пехар.
Во сезоната 2012/13 година се натпреварувале во Третата лига – Југ, каде што се задржале само една сезона.
Коментирај