Петар Гошев во посета на „Микрон“.

Фабрика за мерни инструменти „Микрон“

Фабрика за мерни инструменти „Микрон“

Фабриката за мерни инструменти „Микрон“ почната е да се гради во 1960 година со влог од тогашни 415 милиони динари. Нејзината намена била производство на електромотори, апарати за домаќинствата и апарати од областа на електромеханиката, електротехниката и автоматиката.

При основањето на оваа фабрика, бројот на вработените изнесувал само 20, додека во 1977 година нивниот број веќе изнесувал 500 работници. Повеќе од 75% од производството било наменето за извоз.

При крајот на 70-тите години, со усвојувањето на нови производи, работната организација стапува во работно-техничка кооперација не само со домашни, туку и со странски фирми.

Нема Коментари

Коментирај