Евгенија Шуплинова е родена на 9 јуни 1930 година во село Тополчани, во околината на Прилеп. Од 1948 година, па до нејзината смрт, останала верна на новинарскиот повик. Најпрво работела во редакциите на „Млад борец“ и „Стопански весник“, а од 1955 година преминува во „Нова Македонија“. Таа е основач и прв уредник на прилогот за деца во „Нова Македонија“ – „Колибри“. Била член на Друштвото на писателите на Македонија од 1962 година.
Автор е на книгите: Грешница (поезија, 1960), Тагата на црвениот каранфил (поезија, 1962), Три облачиња (раскази за деца, 1964), Сончева патека (поезија за деца, 1969), Ана и пеперугата (раскази за деца, 1969), Сонце на детските дланки (раскази за деца, 1970), Цинцилин (поезија за деца, 1972), Празник во градината (1975), Септемвриско ѕвонче (поезија за деца, 1982), Грешница (нови песни љубовна поезија, 1992), Зелено пладне Пелагонија (поезија, 1993), Моливчето го боли срце (поезија и раскази, 1994).
Евгенија Шуплинова почина во 2008 година.
Коментирај