Евгенија Јанчулева

Евгенија Јанчулева

Евгенија Јанчулева е македонска просветна работничка од подоцнежната преродба во Македонија.

Евгенија Јанчулева, по татко Ракиџиева, е родена во 1875 година во Прилеп. Била учителка и учителствувала во различни градови во Македонија. Била директорка на Прилепската женска прогимназија. Отворила неделно училиште во Прилеп и така помагала во описменувањето на возрасното население во градот Прилеп.

Таа била мажена за доктор Јордан Јанчулев и мајка е на политичарот Методиј Јанчулев и економистот Борис Јанчулев.

Нема Коментари

Коментирај