Декември 1916: Енвер-паша во Прилеп...

Енвер Паша во Прилеп

Исмаил Енвер-паша (Enver Paşa) роден е на 22 ноември 1881 во Истамбул.
Неговиот татко работел како чувар на мост во Битола и како јавен џелат.
Од 1897 година се вклучил во движењето на младотурците.
По завршувањето на гимназиското образование во Битола под влијание на неговиот вујко Халил-паша се запишал на воената академија во Битола од каде што излегол со чин поручник.
Во 1903 година ја завршил Истанбулската Генералштабна академија (Harp Akademisi) и дипломирал со чин – капетан.
Во 1906 година, како мајор Енвер-бег е распореден во Османлиската трета армија, која била стационирана во Солунскиот вилает.
Во текот на неговата служба активно се приклучил во организацијата „Единство и прогрес“ (Ittehad ve terakki).
Како член на оваа организација, учествувал во терористички акции насочени против пашите на султанот Абдул Хамид, кои биле испраќани на територијата на Македонија.

На 14 јули 1907 година раководи со 3000 аскер во Бојот на Ножот против четите на ВМРО.
По завршувањето на Бојот на Ножот, Енвер-бег го обиколил бојното поле, длабоко потресен од виденото, забележувајќи како некои војници, ги пљачкосуваат и се изживуваат врз мртвите тела од комитите, од лутина го насочил револверот кон своите војници, фалејќи му за малку да пука по нив, извикал:

„Никој не смее да ги допира и осквернува хероите…Гледате ли, како комитите ја презираат смртта!…Се бијат и умираат како херои.“

По негова наредба телата на загинатите комити се погребани со почесна стрелба.

Во 1908 година со избивањето на Младотурската револуција во Солунскиот вилает, Енвер Бег набрзо станал еден од нејзините воени лидери.
За време на државниот удар на 31 март 1909 година од страна на следбениците на султанот Абдул Хамид II, Енвер-бег активно учествувал во гушењето на востанието.
Истата година е испратен во Берлин као воен аташе, каде што ги зацврстил војните врски помеѓу Германија и Османлиското царство.
Во 1911 година како доброволци заедно прилепчанецот Али Фетхи Окјар и Кемал Ататурк учествуваат во одбраната на Триполи во Италијанско-Турската војна.
По завршувањето на Италијанско-Турската војна е унапреден во чин полковник.
Активно учествува во балканските војни во 1912/13 година.
Енвер Бег го користи избувнувањето на Втората балканска војна и води војските во повторното завземање на Едрене кое било под бугарска окопација.
По оваа победа Енвер-бег ја добива титулата Паша а меѓу турците станува познат како „Освојувач на Едрене“.

Во јануари 1913 година, извршува државен удар и воведува воен диктаторски триумвират, познат како „Диктатурата на тројцата Паши“ (Енвер-паша, Мехмед Талат-паша и Ахмет Џемал-паша).
Во 1914 година станува Воен министер и истата година се жени со турската принцеза Емина Насија Султана, ќерка на принцот Сулејман.

Со доаѓањето на власт Енвер-паша почнува да ја применува идеологијата на пантурцизмот и панисламизмот. Како огорчен противник на нетурското население, Енвер-паша заедно со Мехмед Талат-паша и Џемал-паша се организатори на геноцидот врз Ерменците, Грците и Бугарите во Турција.

Во 1914 година склучува воен сојуз со Германија и ја вовлекува Турција во Првата светска војна. За време на војната ја извршува функцијата „Заменик на врховниот командант“.

На 19 декември 1916 година Енвер-паша и мал број експедициони турски војници се свечено пречекани во Прилеп. Енвер-паша остварил средба со командантот на 11-та германска армија, генералот Арнолд фон Винклер и со врвот на бугарската армија.

Нема Коментари

Коментирај