2012: Ждрепка (Ивичест смок) сликана во Мариово

Elaphe quatuorlineata (Ждрепка)

Ждрепката (Elaphe quatuorlineata) , наречена уште и Ивичест смок, е вид на змија од семејството на смокови (Colubridae). Наликува на Сарматскиот смок (Elaphe sauromates), со кого понекогаш ја класифицираат ждрепката како негов подвид. Возрасна единка од Ждрепката достигнува должина до 200 см.

Во Европа се сретнува во Италија, западното крајбрежје на Балканскиот полуостров, Македонија и Бугарија, главно во предели со шума. Активна е преку денот, кога поминува голем дел од времето по дрвјата. Основна храна и се птиците и јајцата, но се храни и со глувци, малечки зајаци и желки.

Нема Коментари

Коментирај