4 септември 1970: „Егзотична и блиска Македонија“ - „Народен Глас“

Витол Станкиевич: Егзотична и блиска Македонија

ЕГЗОТИЧНА И БЛИСКА МАКЕДОНИЈА
Впечатоци од Витол Станкиевич уредник на весникот „Вјадомошчи“ (Wiadomości) од Вроцлав

4 септември 1970 година
„Народен Глас“

„Далеку е од Вроцлав до Прилеп, подалеку отколку до Париз. Друг е тука пејсажот, друга е климата и вегетацијата. Високите планински врвови на кои растат костени, винова лоза, смокви, бадеми, па големите тутунски полиња распространети во низините на Македонија и даваат специфичен карактер. Тоа е земја која изразито се
Разликува од мојата. Планините тука се исто така поинакви, отколку во Полска, не затоа што се повисоки од полските Карпати, туку затоа што се посурови, пострмни и каменити, а шумите кои ги покриваат се лишени од огромните борови и елки карактеристични за полскиот планински пејсаж.
Ние Полјаците, луѓе од северот, овде најдуваме многу префинета егзотика. Издигнувајќи се над Прилеп, Марковите кули изгледаат како’ да ја потценуваат законитоста на гравитацијта. Најдувајќи се на неговите врвови, снажии гранитни масиви, како да се задржани во движење по наредба на некоја невидлива сила. Се добива впечаток дека за еден миг ќе полеташ во равницата, а тоа трае милиони години.

Еве месец дена се наоѓам овде, а во текот на тој, период не падна ниту една капка дожд. Вжаренато сонце владее безмилосно. Пријателите кои овде дојдоа после мене, ми рекоа дека летото во Полска оваа година е дождливо. Се разбира таму е север, а овде е југ. И затоа овие појави кои нас не разделуваат не беа предмет на нашата воодушевеност и гордост, туку она што ни е заедничко и идентично. За да се разберам со луѓето не ми беше потребен тумач. Полскиот јазик ми беше доволен за разговор, не само кога купував или престојував во некој угостителски објект, туку и во сите разговори. Има нешто трогателно во тој факт за сличноста на словенските јазици.

Слични, а понекогаш идентични се и презимињата македонски со полските. Во Охрид на една фирма од фотографски дуќан го прочитав презимето на сопственикот Маркоски кое го носи и нашата полска сликарка Марија учесник на 13-та сликарска колонија во Прилеп, а во Прилеп на фирмата презимето Владо Данилоски потполно идентично со името и презимето на мојот пријател од Варшава.

Многу сличности има меѓу македонскиот и полскиот јазик. Некои зборови исто се изговараат и имаат исто значење како на пример: оган, котлина, стадо, газда, жаба, змија, коњ куче, коза, овца…
Слични примери можат да се изнесат уште многу, но ова е доволно за да се презентира блискоста на речникот на нашите два народи.

Патникот од Полска уште на самиот почеток, од почетокот на својот престој се воодушевува од срдечноста и гостољубивоста на Прилепчаните. Таа спонтано манифестирана непосредност и срдечност се највредното кај културниот прилепчанец, достојно за најголемо признание.

Впечатливо е убавото воспитание на младите што е резултат на активното делување на општествено-политичките организации, а посебно маладинските.

Стари, необични питорескни куќи, опкружени со стреи и освежени со зелени мали бавчи, а наспроти нив големи современи повеќекатни згради и широки асфалтни улици, сведоштво се на едно време во кое новото е се поприсутно, а вредното и старо станало предмет од посебна грижа на луѓето.

Овие контрасти се во исто време и најдоброто сведоштво за измените кои настанувале во динамичниот развиток на Социјалистичка Македонија, рамноправна национална целина во единствената југословенска федерација.

Многу мудро се постапило кога во урбанизацијата на градот подеднакво внимание му се предало на изградбата на современи и големи станбени згради и подигнување големи индустриски капацитети. Во таа мудрост посебно место треба да има одлуката за заштита на сите региони од стариот Прилеп со која всушност се обезбедува вечно зачувување на старите вредности. Патникот од Полска го изненадува и многу развиениот културен живот во Прилеп. Во така мал град делува Центар за печат и радио, повеќе од 20 одини постои и професионален театар, литературно списание „Стремеж“ и многу културни манифестации.

Воодушевува разновидната активност на Народннот музеј во Прилеп. По мое мислење тој е жариште на културата. Многу необично и единствено во современиот свет по сеопфатноста на разновидноста тој се зафаќа и со други зафати со кои останатите музеи не се зафаќаат. Народииот музеј од Прилеп е организатор и мецена на голем број културни иницијативи. Тој е организатор на Сликарската колонија и Мермерскиот симпозиум, манифестации од меѓународен карактер кои се значајни не само во културен поглед, туку и во поглед на современиот прлитички живот во меѓународни рамки, зашто во нив учествуваат уметници од разни краишта кои се среќаваат на едно место.

Посебен впечаток оставаат во исто време и постојните индустриски капацитети, како што се Тутунскиот и Мермерскиот комбинат, а посебно сум воодушевен од големата стопанска организација ДИК „Црн Бор“ кој се одликува со широко производство и асортиман на современ мебел кој успешно се пробива и на странскиот пазар. Сепак најспецифично е пронзводството на тутун. Би сакал да ја изразам својата благодарност на Институтот за тутун во Прилеп кој ми овозможи да се запознаам со тоа значајно производство во Прилеп.
Мислам дека со успех спроведените ексиерименти во прозиводството на цигари со минимален процент на никотин го заслужува вниманието и во полската јавност. Со грижата за здравјето на пушачите секако дека посебно се драгоцени искуствата и резултатите од испитувањето во Институтот за тутун во Прилеп.

Посебен впечаток ми оставија изворедните споменици на културата кои поголемиот број спаѓаат во редот на пајголемата светска класа.
Видовме стари цркви и манастири чии ѕидови се покриени со колоритно распеани фрески кои преставуваат најубедлив пример за бујната и богата историја на овој крај.

Неизбришлив впечаток остава’ партизанската гробница, Могилата на непобедените. Монументално градена како во јонски стил од ‘бел мермер на кој се вклесани имињата на борците што паднаа за слобода на’ Македонија – список кој најевидентно сведочи за големиот удел на Прилеп во борбата’ против непријателот на слободата.

Фактот, што во Прилеп пукна првата пушка и што 15 негови граѓани се прогласени за народни херои, говори за големиот придонес на Прилеп во создавањето на новата историја на Југославија.

Многу тешко е со олку краток напис да се изиесат сите впечатоци кои ги стекнав во мојот едномесечен престој во Прилеп. Низа многу пријатни впечатоци кои ги сретнав во топлиот и со полно срце прилепски крај, за мене е големо богатство кое ќе го понесам во својата татковина.

Би сакал да им изразам благодарност на своите домаќини кои ме поканија, но таа благодарност не сакам да биде изразена конвенционално, туку ќе настојувам во еден циклус написи во весникот „Вјадомошчи“ во Вроцлав да изнесам повеќе за Прилеп.“

Нема Коментари

Коментирај