Џамиите во Прилеп и прилепско
1. Чарши џамија — џамија во Старата чаршија во Прилеп, веднаш до саат-кулата. Изградена е во 1475 година од Хаџи Хусеин. Оваа џамија е уникатно архитектонско дело, бидејќи таа е најстарата европска џамија која има два балкони на своето минаре. Во протестите во 2001 година, по масакрот кај Карпалак џамијата била запалена и денес се наоѓа во руинирана состојба.
2. Скршена џамија или Зулбије ханум џамија, е најстарата џамија во Прилеп. Изградена е веднаш по освојувањето на Прилеп од Османлиите.Се наоѓа покрај градската река. Претставува мала куполна градба со квадратна основа и со минаре со сталактична орнаментика, каракеристична за тој период на градба.
3. Долна џамија – џамија во селото Дебреште. Џамијата се наоѓа во средишниот дел од селото, непосредно покрај речниот кеј. Долна џамија е најстара џамија во Дебреште, а се претпоставува дека е и најстара во целиот прилепски крај.Градбата на џамијата има четириаголна основа. Џамијата има едно минаре со многуаголна основа и две шерефиња.
4. Средна џамија – џамија во селото Дебреште. Џамијата се наоѓа во средишниот дел од селото, во непосредна близина на селската црква. Градбата на џамијата има квадратна основа и се состои од приземје и два ката. Во горниот дел од објектот има осумаголна купола, која е покриена со зелен полутопчест лимен кров и на секоја нејзина страна има по еден прозорец. Џамијата има едно минаре со многуаголна основа до шерефето и кружна основа над него.
5. Горна џамија – џамија во селото Дебреште. Џамијата се наоѓа во средишниот дел од селото, во непосредна близина на црквата „Свети Георгиј“ и Камена џамија. Градбата на џамијата има квадратна основа и се состои од приземје и два ката. Покривниот дел од објектот содржи купола поделена во два дела, од кои едниот е повисок и со поголема основа. Џамијата има едно минаре со многуаголна основа и две шерефиња.
6. Камена џамија – џамија во селото Дебреште. Џамијата се наоѓа во средишниот дел од селото, во непосредна близина на црквата „Свети Георгиј“ и Горна џамија. Градбата на џамијата има четириаголна основа. Објектот е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди. Џамијата има едно минаре со многуаголна основа до шерефето и кружна основа над него. Дворот на џамијата е ограден со метална ограда.
7. Баталоска џамија во селото Дебреште. Џамијата се наоѓа во крајниот источен дел од селото, во непосредна близина на патот кој продолжува до селото Ропотово. Градбата на џамијата има четириаголна основа и се состои од приземје и кат. Покриена е со полукружна купола со полутопчест метален кров, а на работ од секоја страна на покривниот дел има по едно мало украсно минаре. Влезот на џамијата е сместен од северната страна. Џамијата има две минариња со многуаголна основа и со по две шерефиња. Објектот е изграден од камен. Дворот на џамијата е оградена со камено-метална ограда и во него има шадрван и помошен објект.
Коментирај