ДРУШТВО НА МАТЕМАТИЧАРИТЕ ОД ОПШТИНА ПРИЛЕП
На основачкото собрание одржано на 10 јануари 1979 година по одлука на иницијативниот одбор е формирано Друштво на математичарите од Општина Прилеп.
ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО:
- Шокоски Петар – претседател, наставник при ООЗТ ОУ “Гоце Делчев”
- Маркоски Живко – секретар, наставник при “Завод за школство“
- Петрески Зоран – благајник, наставник при ООЗТ ОУ “Добре Јованоски”
- Рибеска Марија – член професор при гимназија “Мирче Ацев”
- Мирчески Борче – член, професор при Економски факултет – Прилеп
- Граороски Илија – член, наставник при “Завод за школство“
- Чешелкоски Петар – член, професор при ЕМУЦ “Ристе Ристески – Ричко”
- Лозаноски Драган – член, наставник во Економско училиште
- Илиоски Борче – член наставник при Тутунско училиште “Орде Чопела”
ЧЛЕНОВИ НА ОДБОРОТ ЗА САМОУПРАВНА КОНТРОЛА:
- Неделкоски Петар – наставник при ООЗТ ОУ “Гоце Делчев”
- Настески Ѓорче – наставник при 00ЗТ ОУ “Климент Охридски”
- Граороски Никола -наставник при ООЗТ ОУ “Гоце Делчев”
ЗАПИСНИК:
Од воднредното годишно собрание на Друштвото на математичарите на општина Прилеп, одржано на ден 06.06.1981 година со почеток во 9 /девет/ сатот.
На собранието беа присутни 60 /шеесет/членови.
Водредното собрание на Друштвото на математичарите на општина Прилеп го отвори претседателот на претседателсвото на друштвото Петар Шокоски, кој воедно го предложи следниот дневен ред:
1. Измена и дополненија на некој членови од статутот на друштвото.
2. Разно.
По првата точка од дневниот ред другарот Шокоски рече:
- Познато е на сите вас дека на ден 19.09.1980 година Друштвото на математичарите премина на делегатскиот принцип, колективната работа и одлучување и одговорност. Заради тоа потребно е во статутот на Друштвото се извршат некои дополненија и измени на истиот.
Нашето претседателство се обрати до ССРН Прилеп со молба да го разгледа Статутот и да даде напатствија за измени и дополненија, на кое нешто од нивна страна беше одговорено позитивно, односно дадоа предлог за измени и дополненија на статутот.
Потоа се помина на читање на тие измени и дополненија кои што едногласно бев усвоени од сите членови на Собранието.
По втората точка разно беше дискутирано за продолжната настава по математика во средните и основните училишта каде беше донесен следниот заклучок:
Да во секои средни и основни училишта активите на математичарите организираат подготовка на учениците со слаби оценки по математика и со тоа собранието заврши.

Коментирај