Прилеп, 2 февруари 1939 година
До Редов ђак
Ћирило Спасевић
10 чета, 3 батаљон, 25 пешадијски пук
Петровград
Мили Кире
И вчера ти пишав една карта, ама дека има да те израдувам па ти пишувам.
Сношчи дојде Боне дома и ни кажа оти зел одговор од таткому и му пишал оти требало од страна на баба да се дај молба до Белград, како си по грешка таму и оти си дипломиран фармацевт, и веднаш ће те извикале тије таму кај сите твој колеги.
Тој ни кажа и Скопје од таткому како треба да се напиши, и Петре је препиша и денеска одма ће прати в Белград. Така требало по законо.
А та молба ће појла до таткому и ће се чудиш што те снашло ко ће те извика, ће се преродиш.
Није летаме од радос.
Боне седе два сати и појће можи, се изнапрајфме муабет. Од се срце и душа сака да ти услужи, се познава.
А каj началников овде уше не је пратена молбата в Битола, ама веруваме овије дена да је прати. Ката стално му наумува на кај Зорић да му реча, та тије се велеле оти сигурно ће се сврши работата, само трпеније да сме имале.
Боне ми кажа оти и тој зел карта од тебе и многу те поздравува.
Ти па пиши му нему за да му благодариш.
Сега рат бидими, само добро чекај си.
Ко шо ти реков во другата карта: Правината планина кутина.
Срдечни поздрави од сите.
Паре
Таткому на Боне бил на пат, зато досега се забај одговоро.
Коментирај