Дописна картичка, 14 април 1940 година (Предна)

Дописна картичка, 14 април 1940 година

Прилеп, 14 април 1940 година
До Редов ђак
Ћирило Спасевић
Апотека сталне војне болнице
Котор

Мили Кире

Писмото затворено со сликите го зедовме, а пред некој ден и картичката за Блага.
Многу ми је радос дека си се попрајл 5-6 кл. И на сликиве се познаваш дека си се попрајл. Демек кркалото тамо то ти го стори. Ај па сега ако небидуваш толку на храна по убо ће ти биди.
Па уше малце ће си дојш.

Ами за то такашо шо го сакаш да го пратиме, си велиме не се можи сега, оти от ко го имаш пишано писмово слаб је веков и ни се чини да не загини. Порано со Петре прајвме муабет, оти ко ће дослужиш, треба да си дојш во тије алишта, па после одавде ће муј пратиме војничките алишта со пакет. Така прајле мнозина. Оти ко шо ти велам не је за прајћане сега. Тешки дојди си ти така, та овде ће си се преслечиш со се нарет.

Пред да го земиме писмово, баба ти прати 300 динари и сигурно и имаш земено.
Петре денеска не го пушчија да си дојди, оти ни пиша дека имало многу работа и никој не пушчале, но Благоја си дојде одвај со молење од страна на владиката, заради црквата за хоро. Па се надеваме да го пушча порано и него, заради хоро.
Туку и да не го пушча ће си помини.
Со него се мнозина и постари од него. Стојче Парталко је и други непознати. За кадро непара му се прајше кево ко му рековме на Благоју. Се нејћи да се има во рубата.
Ами ти му имаш пратено кадро на Сотира? Пратиму да те види и тој, оти многу те личи. Тој во секоје писмо само праша за тебе, како си шоси.
Прашаш шо се подновивме за Велигден!
Бевме со нијет јас и Блага да си напрајме мантили и то в Битола. Арно ама тој шијач шо шија женски алиша најубо, го зеле на вежба и така си останавме ко секош без ништо, па за овде да шијаме непара ми се прајше кево. Па здравје по Велигден ће си сошјаме, само со добра мисла да је чојек.

Срдечни поздрави и целувки од сите.
Паре

Нема Коментари

Коментирај