Мај, 1951: Долнени.

Долнени

Долнени

Во „Етнографија на вилаетите Адрианопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол во 1878 година и според пребројувањето на машкото население од 1873 година, Долнени (Dolnéni) е посочено како село со 72 домаќинства, со 350 жители христијани.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македониja: Етнографиja и статистика“) од 1900 година, Долнени имало 650 жители христијани.

Во почетокот од ХХ век, Долнени било егзархиско село. Според податоците на секретарот на Егзархијата, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Долнени имало 480 христијани егзархисти и функционирало бугарско училиште.

Со избувнувањето на Балканската војна во 1912 година, седуммина Долненци биле доброволци во Македонско-одринското ополчение.

Пописи:
1948 година – 900 жители
1953 година – 898 жители
1961 година – 858 жители
1971 година – 685 жители
1981 година – 579 жители
1991 година – 460 жители
1994 година – 424 жители
2002 година – 375 жители.

1. Отидов в село Долнени     

(Изведба на оркестарот на Стевче Стојковски)

Отидов в село Долнени, де,
там најдов сено косено, де,
там најдов сено косено, де,
и на сено велам, говорам, де.

На сено велам, говорам, де,
вени се сено косено, де,
вени се сено косено, де,
како што се вене млад јунак, де.

Како што се вене млад јунак, де,
за девојче селанче, де,
за девојче селанче, де,
со везено коланче, де.

Море, што ќе биде селанче, де,
нека биде граѓанче, де,
нека биде граѓанче, де,
со шарено фустанче, де.

 

 

1 коментар

  • prilepetno March 11, 2012

    Последните две строфи измешани ви се :) )))
    Како што се вене млад јунак де
    за девојче граѓане де.
    За девојче граѓанче де
    со свилено фустанче де.

    Море шо ке биде граѓанче де
    нека биде селанче де.
    нека биде селанче де
    со везано кошулче де.

    Respond

Коментирај