Документи
Документите и документацијата, најчесто се интерес на администрацијата. Понекогаш документите се класифицирани како: тајни, приватни и доверливи. Традиционално, документот претставува хартија, врз која, со помош на мастило, била пренесена одредена информација.
Зборот „документ“ потекнува од латинскиот глагол „docere“, што значи, „да се поучува“, „да се покажува“. Постојат две врсти на документи: documentum privatum – приватен документ, кој не е издаден од власта; и documentum publicum – јавен документ, издаден од власта.
Во оваа галерија, хронолошки се прикажани најразлични видови на документи (телеграми, бордеро, крштеници, венчаници, тапии, лични карти, индекси, сметки, квитанции, расписки), преку кои ги оживуваме старите спомени за градот Прилеп.
Коментирај