Ѓорѓи Сталев - Поповски

Ѓорѓи Сталев – Поповски

Георги Сталев Поповски е роден на 22 април 1930 во Витолиште.

Тој е македонски поет, прозаист, драмски посател, научен работник, преведувач, доктор по филолошки науки и универзитетски професор.

Филозофски факултет завршил во Скопје. Бил долгогодишен уредник на списанието „Современост“. Член е на ДПМ од 1956 година. Добитник е на наградите: „Климент Охридски“, „13 Ноември“ во 1981, „Златен венец“ на фестивалот МЕС-Сараево, Медал од Фондот на Лермонтов – Москва, „Григор Прличев“ и „Кирил Пејчиновиќ“.

Библиографија

Смев на крвта (роман, 1960),
Преглед на македонската литература од 19 век (1963),
Гороломник пред својот крст (поезија, 1968),
Македонскиот верс (студија, докторска дисертација, 1970),
Зелени гранчиња лаври (роман за деца и млади, 1971),
Болен Дојчин (драма во стихови, 1971),
Ангелина (драма во стихови, 1972),
Девет портрети од светската книжевност (1974),
Приближувања I (есеи и огледи, 1974),
Расколникот од Хетини-Џинот (драма во стихови, 1975),
Самуил (драма во стихови, 1980),
Приближувања II (есеи и огледи, 1983),
Вториот Омир (поема, 1988),
Бесоница (поема, 1993),
Последните сто години македонска книжевност (студија, 1994),
Едно можно читање на Рациновите „Бели мугри“ (студија, 1994),
Јас Константин Македонијата (поезија, 1996),
Маски (поезија, 1998)
Мала антологија на француската поезија (1964),
Антологија на француската поезија од нејзините почетоци до ХХ век (1977),
Антологија македонске критике (на српски јазик, 1978),
Мртвите не умреле во нас (антологија на руската поезија од 19 век, 2000).

Нема Коментари

Коментирај