Грбот на ВМОРО

Димко Илиев Кочовски

Димко Илиев Кочовски е македонски револуционер, прилепски селски војвода на Внатрешната македоно-одринска револуционерна организација.

Димко Кочовски е роден во прилепското село Плетвар, тогаш во Османлиската империја. Се присоединил кон ВМОРО, станал војвода и раководител на револуционерниот комитет на организацијата во родното село. На 6 мај 1907 година, во селото Крстец бил убиен заедно со сопругата и петгодишното дете од србоманскиот четник Григор Соколов.

Нема Коментари

Коментирај