Димитар Правдољубов е македонски просветен деец, педагог и учител од Македонија.
Тој е роден во Прилеп во 1881 година. Во 1900 година завршил Педагошко училиште во Ќустендил. Работел како учител во Бежаново (1901-1921) и Аглен (1921-1930). Во 1930 година се преместил во Софија. Во 1930-1931 година бил редактор на списанието „Педагошки вести“, а во 1939-1941 година на списанието „Родно училиште“. Пишувал за теоријата и праксата на обучувањето во основното училиште и прогимназијата.
Дела:
„Методата на целосните зборови (американска метода) за читање и пишување во І одделение“, (1927);
„Уметничка обработка на историските раскази и методика на историјата во основното училиште“, том 1, III одделение, (1929);
„Принципи, на кои почиваат Букварот и Првата читанка“, (1931, коавтор со В. А. Манов);
„Теорија и пракса по читање и пишување во І одделение“, (1931, коавтор со В. А. Манов);
„Развој на усната и писмената реч“, (1932);
„Уметничка разработка на народните приказни“, (1933);
„Активна и творчка обука“, (дел 1, 1936);
„Целосна обука“, (1936).
Коментирај