ДИК „Црн Бор“ _____________________________________________________________ 1979 година…
„Значаен индустриски капацитет од областа на дрвната индустрија во Прилеп е ДИК „Црн Бор“.
Од некогаш мала шумска задруга со десетина работници, кои на најпримитивен начин го експлоатираа шумското богаство во општината, денес тој прерасна во носечки гигант на дрвната индустрија во СР Македонија.
Комбинатот е еден од двигателите во индустријата во Прилеп и во него секоја година е евидентирано зголемување на продуктивноста на трудот, воведување на современа технологија во производството, проширување на асортиманот на производите, како и поголемата експанзија на пласманот на производите на домашниот и странскиот пазар.
Бруто-продуктот на комбинатот последниве години бележи пораст со стапка од 20-25 %.
3a повеќе од три децении од своето постоење, ДИК „Црн Бор“ прерасна во сложена организација на здружен труд, уставно престроена во 17 основни организации на здружен труд, со околу 2500 вработени, од кои повеќе од 200 се со висока квалификација.
Производната програма на комбинатот опфаќа две основни дејности:
-Експлоатација на шумите.
-Производство на финални производи
Kaкo значаен производител на мебел комбинатот се здоби со репутација на познат и признат извозник на модерен и квалитетен производ.
Најзабележливи резултати има постигнато во извозот на намештај во ДР Германија и Советскиот сојуз.
Во завршна фаза е и изградбата на нова фабрика за калено стакло во склопот на комбинатот чии производи се мошне барани на домашниот и странскиот пазар“.
Коментирај