Фотографија од архивата на семејството Димкар

Деца од фамилија…

НЕКОЛКУ ДЕТИНЦКИ ЗБОРОВИ
(Забележано од Марко Цепенков)

Секоја мајка у нас ќе му зборуа на мало дете откоа ќе вати детето по троа да шошоли (да зборуа по некое зборче), близу до две и трите години, спроти детето као да је зборливо, со еден друг јазик (детинцки), од четириесе-педесе зборои, спорти како што ќе ји кажам подолу, во мајчинио разговор, со своето мало дете, замешани помеѓу многуте прави зборои.

Детинцкио јазик се зборуа и помеѓу себеси као да си играат две-три мали деца шо научиле да зборуат донекаде.
За тоа нешто секој од вас го знаите оти је така, чунки секој живеал со мали деца и ји чул како им зборуат мајките – и како си зборуат децата помеѓу себе, со детинцкио јазик.

Еве некои примери:

АМ-ЛАПНИ (Јадење):
„Стори го ам кокото Стевче“
Јајцето коа се амка на Сирни поклади, му се дава и на малите деца да го амкаат.
И другаш нешо му се дава да амкаат.

АПО-АПОЧЕ (На прошетка кога ќе го носат детето):
„Молчи ми пиле, молчи ми, ај сега ќе ми те однесе мама апоче за да ми паткаш“

БОБО (грозје, пченица, царевка):
„Дај му, мори цеце, на бате од бобото што јадиш ти, на Стевче и тој да папи“

БУБА (Црв, глушец, бумбар):
„Ела ми при мама, ела ми, да не те папи бубата“
Понекогаш ги плашат малите деца, со раката му лазат од пред нив велејќи им: „Лази бубаа-папи гуше“ и ќе му ја пиканат под гуша и ќе му сторат: „Г’ц, г’ц, г’ц!“ да се насмеј детето.

ЦЕЦА (Сестра):
„Земиго цеце Пандо, Стевчето да го однесеме апо, земи го де, оти ми плачи со солзи“

ЧУЧНИ (Седни):
„Чучи ми чедо,чучи ми наземи и не пачи ми“

____________________________________________________________________________________________

 

ДЕЦА

Кога децата беа деца.
Не знаеја оти се деца.
Сè беше полно со живот
и сиот живот беше еднаков за сите…

Димче Блажески – Чалата

Нема Коментари

Коментирај