2015: Десово...

Десово

Десово се наоѓа во североисточниот дел на Прилепско поле, на около 5 километри северно од Долнени.

Селскиот атар на запад е рамничарски, без поголеми водотеци, додека источно од селото се издигнува планината Бабуна. Надморската височина на селото изнесува приближно 670 метри. Климата во селото е континентална.

Во XIX век Десово било дел од Прилепската каза на Османлиската империја.
Во „Етнографија на вилаетите Адрианопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол во 1878 година и во која е дадена статистиката на машкото население од 1873 година, Десово (Desovo) е посочено како село со 102 домаќинства и 240 жители муслимани, 130 христијани и 40 Роми.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија: Етнографија и статистика“) од 1900 година, Десово било населено со 40 жители християни, 625 арнаути мухамеданци и 75 Роми.

Според Димитар Гаџанов, во 1916 година во Десово живееле 495 Албанци мухамеданци.

Во Десово се родени:
Никола Здравков, македонски доброволец, припадник на ІV доброволна дружина, починат околу 1918 година;
Милан К. Стефанов-Подземски, член на АСНОМ и југословенски партизан.

Според пописот од 2002 година, во селото Десово живеат 1026 жители, од кои:
Македонци 145
Албанци 290
Турци 20
Срби 3
Бошњаци 566
останати 2

_____________________________________________________________

Политика
21 ноември 1934 година

ЗАГРАД И ЗАГРАДЧАНИ

… „Од кај Десово витко се издига минарето на џамијата пркосно и гордо како некој Малисор (Албанци од планинските делови на Албанија, Црна Гора и Западна Македонија, христијани и муслимани, често мешани со словенското население од двете религииски групи) , бидејќи и Десовци биле Малисори: од околината на Дарде (Берат), Дебар и Река.
Да го споменеме Расим-ага, најслаткоречивиот арнаутин, кроток на муабет, но лута змија отровница и човек кој ќе го поседуваше цело Заградско поле да не беше ослободувањето.
Заедно со Десово, Трбиќ го става во ист кош и Црнилиште. Во турско тоа беа нај зулумќарски села кои зедоа сила особено по 1911 година, со амин на младо-турската власт. Сеуште се сеќаваме на Исмаил Малечка и Јусуф Бајрактар, големи зулумќари од овој крај. Тука не изостанува ни велешкиот Абдул-ага кој глобата ја наплаќаше како што ќе му текне.

- „И кајсијата во лозје ќе ти исечам, бре синко ако не ми испратиш што сум ти порачал… Да знаат каурите оти Турчин оште ходи по земјата а не по небото…!“

Овие две доселенички села сакаа да го иселат цело поле, особено за време на младотурците и после убиството на Глигор Соколовиќ, бидејќи нашите чети не можееа да го имаат стариот замав бидејќи едноставно не знаееја од кого да го бранат нашиот народ…

… Десовци и на турците (во полето има нешто малку турци и потурчени кои зборуваат на нашиот јазик) му правеа зулум. Но 1912 година и Албанското востание ги доведоа во ред, па сега се целосно мирни и исправни, многу работни и задоволни.
Вистинско задоволство е човек да помине низ нивните села.

… Денес во Десово има околу 20 куќи со доселеници.

… Василије Трбиќ во 1910 година поминал полни шест месеци.
Го прашувам како воопшто се однесувале спрема него Десовци и Црнилиштанци.
Трбиќ прво се заозбили а потоа прсна во громогласна смеа:
- Што да се прави, тешко минато. За жал се знаевме многу добро. Се однесуваа кон мене толку добро што и денес сме големи пријатели, макар што тоа е скапо платено од двете страни… Е сега сме многу добри! -Го нагласи тоа со повисок тон, повторно се насмеа па ми го раскажа ова:
Кога во 1916 година преминувајќи го фронтот, почнал да се движи во овие краишта, Василије Трбиќ не бил многу загрижен за бугарските потери, бидејќи Србите добро го чувале а Арнаутите се правеле несмасни во потерите, па дури и му правеле мали услуги за леб и тутун, не сакајќи да отвораат простор за нови конфликти.
Најпосле бугарските окупаторски власти јавно ги повикале Десово и Црнилиште да се вклучат со свои потери, ветувајќи им не само награди туку и оружје и ослободување од секаков воен кулук. Но сите ветувања беа залудни. Арнаутите повеќе сакаа насила да кулучат, да градат патови и да пренесуваат храна за војската отколку на туѓа сметка да се замеруваат со Трбиќ, на кого му ги открија понудите од Бугарите.

-„На ваш царот рака му е долга“ – Му соопштија на бугарските власти во Прилеп првенците од овие села: Што сакат тој может да направит, и кого сакат да го уфати. Току – колко ми да земиме пушки и да одиме во потера на Васиља и на кого да било друг, не можеме, царот да је жив…

Малку после оваа приказна ја запре нашата кола еден Бајрактаревиќ, син на со право погубен татко во 1912 година.
Не само што тешко се одбранивме на неговото гостопримство туку овој Арнаутин се поздрави со Трбиќ како крстен кум: море се прашуваа за мир и здравје као вистински планинци…“

Гр. Божовиќ

Нема Коментари

Коментирај