ГО ЗАДРЖУВАМ ПРАВОТО…
8 септември 1973 година
„Сол“ за жал не сум го гледал, и можам да речам дека ме зачудија мислењата за него…Во филмските кругови името на познатиот артист Дарко Дамески се споменува и тогаш како денес, кога филмските камери мируваат. Тој повеќе од една година е претседател на фондот за унапредување на кинематографијата на Македонија, точно во времето кога македонскиот филм се најде соочен со низа проблеми, пред дилеми кои бараа итно разрешување. Токму затоа нашето прво прашање во разговорот со Дарко Дамески се однесуваше на оценката на овој период и очекувањата од реализацијата на програмата усвоена од фондот.
МОРАТОРИУМ
Дојдов за претседател на фондот за унапредување на кинематографијата во Македонија во една кризна ситуација. Претстоеше насочување кон планско производство и зголемување на продукцијата – од еден на три филмови годишно. Меѓутоа, и покрај речиси двегодишната упорна работа, крајниот резултат е минимален. Мислам, а тоа е и став на фондот, дека „мораториумот“ е предолг, но тој е условен во исто време со она што се наречува барање вредност или квалитет во филмот. Значи, прво треба да се обезбеди квалитетно сценарио, па дури тогаш да се тргне со продукција. За тоа постојат одредени самоуправни тела надвор од фондот. Во „Вардар – филм“, на пример, тие бараат да дојдат до поквалитетен материјал и кадар за реализација. Известен сум дека стартот за реализација на програмата, усвоена пред едка година и пол од фондот, треба, да се очекува во најскоро време, односно, до првите дни на октомври, и тоа со филмот „Покој, ‘рци, јад“ на режисерот Кирил Ценевски.
-Според известувањата на режисерот чии проекци се пред старт, треба да настапите во сите предвиденн филмови. Колку е тоа остварливо, и покрај тоа што сте слободен уметник?
Мојата ангажираност во претстојните македонски играни филмови нема да претставува проблем, ако работата, независно од мене, правилно се распореди. Јас лично како идивидуа, не можам да влијаам во нејзиното остварување, но затоа мислам дека нејзнните чинители, финансиските средства на фондот. „Вардар – филм“,, како и најбитното – авторовата подготвеност, треба да бидат основа за нејзиното редоследно исполнување. По мое мислење, во Македонија не е можно сите филмови да почнат да се снимаат одеднаш, зашто за тоа не постојат реални и практичини можности.
СОЛ
-Во филмот „Сол“ на режисерот Гојко Шиповац, толкувавте главна улога. На фестивалот во Пула, каде што годинава беше откажано ова дело, критичарите забележаа дека една оригинална и мошне хумана идеја не е искористена на најдобар можен начин. Какво е вашето мислење за овој филм?
Имав прилика да ги следам мислењата за продукцијата на годинашниов фестивал во Пула. Имав можност да се запознаам со вредностите на филмовите снимени годинава во нашата кинематографија. Тука се вбројува и филмот „Сол“, кој за жал не сум го гледал, и можам да речам дека ме зачуднја мислењата за него. Се сложувам со оценките дека е тоа хумана идеја од револуцијата, а крајниот резултат бил лош. Што се однесува до мојата улога, она што го барав и сакав да го покажам, го остварив. Улогата не е полна со гестови профанирани во третманот на досегашните команданти од нашата револуција со некаква острина. Јас се борев со проблемите, како човек, како командант, што е похумано: дали одредот да го покренам во акција за сол или одредот да остане за заштита на 300 ранети во Лобовиќи. Тоа распаќе ме наведуваше да го третирам ликот не како стихиен јунак, туку како разумен човек, како човек – победник во револуцијата.
Само сеуште си го задржувам правото, зашто не сум го гледал филмот, да се искажам за него, дали е добар или лош. Во крајна линија режисерот на монтажен стол да изневери, и да тргнепо своето мислење, надвор од она што сме се договориле. Филмот сепак е колективна уметност.
-Првиот македонски филм во кој годинава ќе ја толкувате главната улога е „Покој, ‘рци, јад“ на режисерот Кирил Цанески. Што очекувате од оваа улога, и филмот, секако?
Ролјата претставува тешка задача, зашто чоаекот го покажува во распон од зо години на неговото живеење односно од паганец без пород – до верник со пород, којшто своите два сина ги има, а потоа двата, по судбината човекова – загинуваат, и тој останува пак сам.
А. К.
Коментирај