ДРУШТВО НА ЦРВЕН КРСТ ПРИ „ТУТУНСКИ КОМБИНАТ“ – ПРИЛЕП
На основачкото собрание одржано на 19 јануари 1984 година по одлука на иницијативниот одбор е формирано Друштвото на Црвениот крст при „Тутунски комбинат“.
ЧЛЕНОВИ НА ИНИЦИЈАТИВНИОТ ОДБОР
- Јосиф Зајкоски – Претседател
- Снежана Петкоска
- Др. Борис Паноски
- Георги Георгиески
- Камче Иваноски
- Ѓорѓи Сачмароски
- Миле Каранфилоски
- Ѓорѓи Талески
- Божидар Манески
- Лазо Недески
ЗАПИСНИК
Од одржаното годишно собрание на Друштвото на Црвениот Крст при Тутунски комбинат што се одржа на ден 19 јануари 1984 година.
На ова годишно собрание на кое беа присутни крводарители од Тутунскиот комбинат беше формиран Инцијативен Одбор за формирање на Друштво на Црвениот крст во Комбинатот од десет членови.
Во Инцијативниот одбор беа предложени и прифатени следните крводарители:
- Јосиф Зајкоски – Претседател
- Снежана Петкоска
- Др. Борис Паноски
- Георги Георгиески
- Камче Иваноски
- Ѓорѓи Сачмароски
- Миле Каранфилоски
- Ѓорѓи Талески
- Божидар Манески
- Лазо Недески
Потоа се избра работно председателство во кое влегоа Јосиф Зајкоски, Ѓорѓи Талески и д-р Борче Паноски.
Извештај за досегашната работа поднесе претседателот Јосиф Зајкоски која во целост беше прифатена. Исто така беше донесена предлог програма за работа во 1984 година и финансиски план. По целосното прифаѓање на истите се разви плодна дискусија од страна на присутните.
Горѓи Сачмароски:
- Извештајот беше многу добар и сеопфатен. Во Тутунскиот комбинат му се дава големо значење на крводарителството. Тоа е добра работа.
Камче Иваноски:
- Извештајот е добар. Само не ми е јасно за работата на Претседателството. Во иднина активностите да се организираат подобро и по испланирано. На сезонските работници да му се даваат при примањето на работа уште по пет дена фазла. Присуството на ова годишно собрание не задоволува.
Ѓорѓи Талески:
- Активноста на некои членови од претседателството не задоволува, а исто така треба да се направат напори работата на комисиите да биде повидлива, односно истите да бидат поактивни.
Јосиф Зајкоски:
- И покрај редовното поканување на сите општествено полтички организации како во комбинатот така и во градот нема ниту еден претставник. Посебно од Општинската организација на Црвениот крст.
Ѓорѓи Горѓиоски:
- Ако некои членови од Претседателството не се активни предлагам да се коптираат нови. Просекот што го постигнавме во минатиот период е добар и задоволува.
Милан Пројкоски:
- Според она што можеше да се види и од извештајот може да се каже дека дека постигнати се завидни резултати, Комисиите треба да бидат што поактивни.
Методија Стојкоски:
- Од името на крводарителите од ф-ка 11 Октомври ви посакувам плодна работа. Сакам да спомнам само тоа дека и покраj вашите достигнати резултати треба и во иднина да се стремите за што поголем број на крводарители.
Д-р Борче Паноски:
- Како што слушнавме од предтходните дискутанти извештајот за работа е добар и сеопфатен. Неприсуството на претставници од Црвениот крст е за секаква осуда. И тоа во иднина не треба да се повтори. Што се однесува за работата на друштвото таа е задоволителна со ислучок на некои членови кои не се активни. Мислам дека и активноста на членовите од комисиите не е задоволива. Во иднина треба да се активираат.
ОДБОР НА САМОУПРАВНА КОНТРОЛА
- Алиоски Рамазан
- Васе Ѓорѓиоска
- Др. Кузманоски Влатко
ЧЛЕНОВИ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР
- Јованоски Страшо
- Груески Миле
- Тасламически Милан
ЧЛЕНОВИ НА СУДОТ НА ЧЕСТА
- Јанчески Јорданчо
- Ѓорчески Данаил
- Пурдески Љупчо
Коментирај