Црнилиште на општинската карта.

Црнилиште

Црнилиште е село во општина Долнени. Расположено е во Прилепското поле, северозападно од градот Прилеп, во северозападното подножје на Бабуна.

Во XIX век Црнилиште било село во Прилепска каза на Османлиската империја. Во „Етнографија на вилаетите Адрианопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол во 1878 година и во која е дадена статистиката на машкото население од 1873 година, Църнилища (Tzarnilichta) е посочено како село со 60 домаќинства и 210 жители муслимани, 40 христијани и 7 Роми.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија: Етнографија и статистика“) од 1900 година, Църнилища (Църнилишча) е населено од 60 жители християни, 580 арнаути муслимани и 80 Роми.

Во почетокот на ХХ век целото христијанско население од селото било под управа на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на Егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Църнилище имало 60 егзархисти.

Според Димитар Гаџанов, во 1916 година во Црнилиште живеат 738 Албанци.

Според пописот од 2002 година, Црнилиште има 1765 жители, од кои:

1704 – Албанци
31 – Македонци
26 – Турци
1 – Бошњак
3 – останати

_____________________________________________________________

Политика
21 ноември 1934 година

ЗАГРАД И ЗАГРАДЧАНИ

… „Заедно со Десово, Трбиќ го става во ист кош и Црнилиште. Во турско тоа беа нај зулумќарски села кои зедоа сила особено по 1911 година, со амин на младо-турската власт. Сеуште се сеќаваме на Исмаил Малечка и Јусуф Бајрактар, големи зулумќари од овој крај. Тука не изостанува ни велешкиот Абдул-ага кој глобата ја наплаќаше како што ќе му текне.

- „И кајсијата во лозје ќе ти исечам, бре синко ако не ми испратиш што сум ти порачал… Да знаат каурите оти Турчин оште ходи по земјата а не по небото…!“

Овие две доселенички села сакаа да го иселат цело поле, особено за време на младотурците и после убиството на Глигор Соколовиќ, бидејќи нашите чети не можееа да го имаат стариот замав бидејќи едноставно не знаееја од кого да го бранат нашиот народ.

… Василије Трбиќ во 1910 година поминал полни шест месеци.

Го прашувам како воопшто се однесувале спрема него Десовци и Црнилиштанци.
Трбиќ прво се заозбили а потоа прсна во громогласна смеа:
- Што да се прави, тешко минато. За жал се знаевме многу добро. Се однесуваа кон мене толку добро што и денес сме големи пријатели, макар што тоа е скапо платено од двете страни… Е сега сме многу добри! -Го наглси тоа со повисок тон, повторно се насмеа па ми го раскажа ова:
Кога во 1916 година преминувајќи го фронтот, почнал да се движи во овие краишта, Василије Трбиќ не бил многу загрижен за бугарските потери, бидејќи Србите добро го чувале а Арнаутите се правеле несмасни во потерите, па дури и му правеле мали услуги за леб и тутун, не сакајќи да отвораат простор за нови конфликти.
Најпосле бугарските окупаторски власти јавно ги повикале Десово и Црнилиште да се вклучат со свои потери, ветувајќи им не само награди туку и оружје и ослободување од секаков воен кулук. Но сите ветувања беа залудни. Арнаутите повеќе сакаа насила да кулучат, да градат патови и да пренесуваат храна за војската отколку на туѓа сметка да се замеруваат со Трбиќ, на кого му ги открија понудите од Бугарите.

-„На ваш царот рака му е долга“ – Му соопштија на бугарските власти во Прилеп првенците од овие села: Што сакат тој может да направит, и кого сакат да го уфати. Току – колко ми да земиме пушки и да одиме во потера на Васиља и на кого да било друг, не можеме, царот да је жив…“

Гр. Божовиќ

Нема Коментари

Коментирај