Црква „Свети Никола“, село Лажани
Црквата „Свети Никола“ во село Лажани е изградена во периодот од 1987-1989 година. Црквата е изградена благодарение на даренијата на жителите од Дебреште, Пешталево, Средорек, Секирци, Маргари, Ропотово, Кошино, Кривогаштани, Селце, Белица, Костенци, Долгаец… Посебен придонес и заслуга во градбара на црквата имаат Ж. Талески од селото Саждево и Р. Димоски од селото Црнилиште. Иконостасот е изработен од охридските мајстори-копаничари Никола Пљаковски и Цветан Николовски.
Осветена е на 7 мај 1989 година од Митрополитот Петар.
Коментирај