Црква „Свети Никола“, село Чепигово
Црквата Свети Никола во село Чепигово е еднокорабна, полукружно засводена градба, со полукружна апсида на источната страна. Според теренските испитувања на Јован Трифуноски, црквата е изградена по Првата светска војна, на место каде што имало урнатини од постар храм. Црквата не е осветена, На западната страна покасно е дограден трем.
Забележитено е дека црквата е градена од делкан камен, а на повеќе места се забележуваат вградени остатоци од античкиот локалитет Стибера, кои градителите умешно ги вклопиле во градбата на црквата.
Коментирај